Дали сте слушнале за компанија со името „Palantir“? Најверојатно не.
Би требало овој „стартап“ да е познат на пошироката публика со оглед на фактот дека врз база на последното подигање на капиталот во износ од 500 милиони долари, компанијата се проценува на 20 милијарди долари.
Ова го прави „стартапот“, кој се занимава со анализирање на низи од податоци и тајни информации“, третата најскапо оценувана приватна компанија во САД по „Uber“ (со пазарна оценка од околу 50 милијарди долари) и „Airbnb“ (со оценка од 24 милијарди долари).
Технологијата на „Palantir“ им овозможува на компаниите лесно да анализираат големи низи од податоци за остварување на однапред определени цели. Корисниците можат да бараат и анализираат податоци во реално време. Низи од податоци се користат од полицијата во Лос Анџелес при спроведување на истраги, како и од истражните органи за финансиски криминал.
Во Пентагон технологијата на компанијата се користи при следење на модели за составување на бомби, додека кај маринците за ДНК анализи. Барем дванаесет американски владини агенции се клиенти на оваа компанија.
Досега „Palantir“ има обрт на капитал во износ од 1 милијарда долари, според изданието „Crunchbase“.
Основана во 2004-та година, меѓу клиентите на „Palantir“ се американската влада и водечките финансиски компании. Меѓу нејзините основачи се инвеститорите милијардери Питер Тил и Џо Лонсдејл, кој во моментов раководи со компанијата за вложување на капитал „Formation 8“.
Според изданието „Buzzfeed“, бизнисот на компанијата се развива добро, а таа располага со кеш во износ од околу 1 милијарда долари.