22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi 2.5 TFSI по шести пат е "Меѓународен мотор на годината"

Audi 2.5 TFSI по шести пат е “Меѓународен мотор на годината”

RS3140009_medium

2.5-литарскиот TFSI мотор на Audi е „Меѓународен мотор на годината“ за 2015 година во категоријата на мотори од 2 до 2,5 литри. Моторот со пет цилиндри шести пат по ред ја освојува оваа награда.

Меѓународното експертско жири, составено од 65 автомобилски новинари, го прогласи  2,5 TFSI моторот за победник во класата. Жирито ги наведе причините за својата одлука:

„Сигурниот Audi квалитет и одличното штелување придонесуваат овој мотор да понуди вистинско задоволство при возењето. Ниту еден синтетички дизајниран звук не може да го замени страсниот звукот на овој прекрасен мотор со пет цилиндри“.

Членот на управниот одбор за технички развој, д-р Улрих Хакенберг изјави:

„Пет цилиндричните мотори имаат долга традиција во нашата компанија. Тие го направија Audi спортски бренд во 1980 година. 2.5 TFSI во новиот Audi RS 3 Sportback е пример за автомобилска страст со својот огромен вртежен момент, врвните способности, незаситното забрзување и уникатниот звук. Оваа награда е прекрасна потврда за нашата стратешка определба, натамошен развој на овој мотор“.

mo tori3

Кај новиот Audi RS 3 Sportback, турбо моторот со директно вбризгување 2.5 TFSI произведува 270 kW (367 КС) и го прави новиот RS 3 Sportback најмоќен  автомобили во премиум компактната класа. Вртежниот момент изнесува 465 Nm и на располагање е веќе од 1625 вртежи во минута и останува константен до 5550 вртежи во минута. Автомобилот забрзува од 0 до 100 km/h за 4,3 секунди и ја достигнува максимална брзина од 280 km/h.

Kaj Audi Q3 RS моторот испорачува 250 kW (340 КС) и има вртежен момент од 450 Nm. Моторот со пет цилиндри го забрзува врвниот модел од семејството Q3 од 0 до 100 km/h за само 4,8 секунди и ја достигнува максималната (електронски ограничена) брзина од 250 km/h.

По единаесетти пат моторот на Audi е прогласен за „Меѓународен мотор на годината”. Во периодот меѓу 2005 и 2009 година, Audi пет пати ја освои оваа награда со моторот 2.0 TFSI во категоријата од 1,8 до 2,0 литри. Ова претставува петта победа по ред за 2.5 литарскиот TFSI мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП