25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGmail официјално воведе опција за откажување на пораката

Gmail официјално воведе опција за откажување на пораката

gmail ee

„Gmail“  воведе опција „undo send“ која им овозможува на корисниците на нивниот „e-mail“ да го откажат по грешка пратениот „mail“ во рок од 5, 10, 20 и 30 секунди.

Оваа опција ќе им помогне особено на оние кои по грешка праќаат „mail“ кликајќи на опцијата „одговори на сите“ и слично. Најважно е да се нагласи дека оваа опција треба да ја активирате сами.

Откако ќе пратите „mail“, ќе се појави жолта лента на врвот од екранот и со клик на неа ќе го откажете праќањето на пораката.

Оваа опција беше активна со години, но само за корисниците кои се впишани во тест програмата.

За жал, оваа опција функционира само од компјутер, за таблетите и мобилните телефони, треба да почекаме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП