19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG Band Play - новиот смартфон на јужнокорејската компанија

LG Band Play – новиот смартфон на јужнокорејската компанија

band play

„Band Play“ е новиот смартфон од средна класа кој го претстави компанијата „LG“.

Овој уред моментално е достапен во Јужна Кореја по цена од 356 долари, а се уште не се знае кога ќе се најде во продажба и на останатите светски пазари.

Инаку телефонот го одликува 5-инчен екран со резолуција од 720 x 1280 пиксели, како и оперативниот систем „Android 5.1 Lollipop“.

Што се однесува до останатите спецификации, овој паметен телефон има процесор „Snapdragon 410“ со „quad-core“ и такт од 1,2 GHz, 2 GB RAM и 16 GB интерна меморија. Уредот има камера од 13 мегапиксели на задната страна, како и камера од 5 мегапиксели на предната, а тука и батеријата од 2300 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП