22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIntel лансираше апликација за далечинско управување со компјутер (видео)

Intel лансираше апликација за далечинско управување со компјутер (видео)

tast intel

Без премногу помпа, „Intel“ ја претстави новата апликација за „Android“, која се нарекува „Remote Keyboard“. Таа овозможува далечинско контролирање на било кој „PC“ уред со помош на смартфон, користејќи „on-screen“ тастатура и глувче.

Апликацијата е дизајнирана со цел да се користи со „PC“ уреди со мала форма, како што е „Intel Compute Stick“, кој или не доаѓа со вклучените периферни уреди или ефективно не поддржуваат контрола на тастатура и глувче. Меѓутоа, апликацијата не е лимитирана само за „PC“ уреди во мала форма, затоа што софтверот може да се инсталира на било кој „PC“ уред кој користи „Windows 7“ или понов оперативен систем. Кога софтверот ќе се инсталира и ќе се поврзе на „Wi-Fi“ мрежа, апликацијата автоматски го детектира компјутерот на корисникот, па така конекцијата е многу едноставна.

Remote Keyboard“ апликацијата доаѓа со „on-screen QWERTY“ тастатура со тастери за „Control“, „Alt“, „Shift“, „Delete“ и „Windows“, додека празниот простор над тастатурата служи како „trackpad“. Од десна страна, „Intel“ вклучи и „scroll bar“.

Апликацијата моментално е достапна само за „Android“, а засега нема информации кога „Intel“ ќе претстави верзии за другите платформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП