4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмЧам организираше дебата на тема „Соработка помеѓу деловната заедница и универзитетите‘‘

АмЧам организираше дебата на тема „Соработка помеѓу деловната заедница и универзитетите‘‘

bus-uni1

Денешниот настан на тема ‘‘Соработка помеѓу деловната заедница и универзитетите‘‘ е дел од предвидените активности на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) со кои ќе се поттикне програмите за високо образование да бидат релевантни за бизнис секторот и ќе се зголеми бројот на практикантства.

На почетокот од настанот пред присутните се обратија Н.Е. Џес Бејли, Амбасадор на САД во Република Македонија и г-динот Мирослав Марчев, Претседател на Одборот на директори на АмЧам Македонија.

Bus-uni2

„Знаеме дека дел од нашите членки имаат востановени програми за соработка со одредени факултети и ваквите програми веќе добро напредуваат. Сепак, би сакале да се надоврземе на ваквите индивидуални односи кои веќе постојат и да создадеме јавна платформа, каде што би ги пренеле напорите за подобрување на општата состојба која ќе му помогне на секој бизнис кој функционира во Македонија.“ – изјави Марчев.

Потоа следуваше интерактивна дискусија во која се вклучија претставници од компаниите членки на АмЧам Македонија, државните и приватните универзитети и студентските организации.

Bus-Uni3

Во текот на дискусијата, учесниците дебатираа колку сегашната законска обврска за задолжително практиканство за сите студенти овозможува квалитетни практикантски ангажмани, дали е потребно стандардизација на практикантските програми, но не само од страна на компаниите туку и од страна на факултетите и кои се всушност очекувањата од практикантството на сите инволвирани страни (студентите, универзитетите и деловната заедница).

Меѓу другото, беше заклучено и дека оспособувањето на студентите за практична работа уште во текот на студиите е значаен фактор за зголемување на нивната конкурентност (преку стекнување на вештини) и способност за побрзо наоѓање на работа. Компаниите во современата економија очекуваат дека дипломираните студенти веќе имаат познавање од практична работа со што се намалуваат нивните трошоци за нивно понатамошно усовршување.

bus-uni4

Учесниците отворија повеќе прашања околу вклучувањето на деловната заедница при подготовката и осовременувањето на академските програми и наставата, вклучувањето на претставници од деловната заедница како гости говорници и развивањето на практични проекти во соработка со нејзини претставници. Недостатокот на фондови за истражувања и развој и недоволниот број на специјализирани програми дополнително ја отежнуваат квалитетната соработка и взаемна поддршка помеѓу деловната заедница и универзитетите.

На крајот присутните заклучија дека успешниот развој на понатамошната соработка ќе се постигне преку заедничка работа и отворен дијалог со сите инволвирани страни.

bus-uni5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП