2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДва милиони примероци на Land Rover Defender (1948-2015) (фото+видео)

Два милиони примероци на Land Rover Defender (1948-2015) (фото+видео)

lrd 1

Најдолговечниот теренски модел на светот, чие производство започна далечната 1948-ма година, дојде до 2-милионитиот примерок. Јубулејниот „Defender“ ќе биде изложен на неколку автомобилски собири пред да биде продадан на хуманитарна аукција кон крајот на годината.

Автомобилот со бројот 2.000.000 на шасијата излезе од погонот Солихул, во кој „Land Rover Defender“ се изработува со децении.

lrd 2

Откако е претставен во 1947-ма година, „Defender“ зазема посебно место во срцата на љубителите на теренци. Иако за неполни седум децении ги менуваше ознаките (Серија „I“, „II“ и „III“, a потоа и „Defender“), легендарниот „Land Rover“ го задржа автентичниот изглед по кој е препознатлив меѓу генерациите љубители на автомобили.

Во изработката на јубилејниот примерок учествуваа познати личности – фанови на „Defender“, меѓу кои и ТВ авантуристот Бер Грилс (Bear Grylls), чиј потпис се наоѓа меѓу изгравираните на автомобилот.

lrd 3

Во знак на сеќавање на времето и местото на настанување на теренецот на „Land Rover“, на калникот е исцртана мапа на заливот „Red Wharf“, на велшкиот остров „Anglesey“, каде во 1947-ма за прв пат беше направена скицата за оргиналниот модел.

2-милионитиот „Defender“ е обоен со специјална „Silver Satin“ нијанса, додека деталите, како тркалата, предната маска, покривот и браниците се црни.

lrd 4

На кожните седишта исто така е вметната мапата „Red Wharf“, а автомобилот доби регистарска табличка „S90 HUE“, како асоцијација на првиот предпродукциски примерок кој ја имаше ознаката „HUE 166“.

Јубилејниот примерок ќе биде понуден на продажба на добротворна аукција која ќе се одржи во Лондон на 16-ти декември.

lrd 5

Парите од продажбата ќе бидат наменети за фондацијата „Born Free“ на Меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина.

Декември 2015-та е воедно и месецот кога по 67 години ќе биде крајот на сериското производство на моделот „Land Rover Defender“ во формата каква што се сеќаваме.

lrd 6

Наследникот, кој значително ќе се разликува од актуелната верзија, се очекува да биде претставен во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП