15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОптимизам на Волстрит во врска со Грција

Оптимизам на Волстрит во врска со Грција

wall street 330

Цените на акциите во понеделникот пораснаа на Волстрит, додека индексот Nasdaq достигна ново највисоко ниво во историјата, бидејќи инвеститорите се надеваат во договор меѓу Атина и нејзините кредитори, со кои Грција би избегнала банкрот.

Dow Jones зајакна 104 поени, или 0,58 отсто, на 18.120 поени, додека S&P 500 порасна 0,62 отсто, на 2.122 поени, а Nasdaq се зголеми 0,72 отсто, на рекоррдно 5.153 поени.

Растот на цените на акциите најмногу се должи на надежите дека Грција и нејзините кредитори и во наредните денови ќе постигнат договор за тоа кои реформи Атина би требало да спроведе за да добие нова транша кредити со кои би избегла банкрот.

Грција во понеделникот и достави на Европската комисија нов предлог на реформи кои, како што е оценето во Комисијата, претставуваат добра основа за постигнување на договор кон средината на оваа недела.

Кризниот самит на еврозоната заврши во понеделникот со порака до среда навечер, за кога е закажан нов состанок на еврогрупата, дека е можно да се довршат деталите од договорот со Грција, но и дека остана уште полно работа која треба да биде завршена во краток рок.

„Договор помеѓу Грција и кредиторите би ја отстранил големата неизвесност од берзите“, вели Брус МекКеин, стратег во „Key Private Bank“.

Позитивно на берзата влијаеше и најавата за спојување и превземање. S&P индексот на енергетскито сектор скокна за 1 отсто, откако Energy Transfer Equity понуди 48 милијарди долари за преземање на компанијата Williams Companies. Цената на акцијата на Williams скокна 26 отсто, а управата на компанијата порача дека цената е прениска.

Акцијата на Cigna Corp поскапе 5 отсто откако здравствената осигурителна компанија одби 47 милијарди доалри вредна понуда за спојување од страна на Anthem, чија акција порасна 3,5 отсто.

Значително за 0,9 отсто, порасна и индексот на градежниот сектор, откако беше објавено дека продажбата на нови куќи во САД во мај порасна повеќе од очекуваното.

Сепак се тргуваше воздржано на што укажува потпросечниот дневен обем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП