20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПронајдовте грешка во Android? Можете да заработите и 40.000 долари!

Пронајдовте грешка во Android? Можете да заработите и 40.000 долари!

greski e303

„Google“ e подготвен да плати од 2.000 долари за откривање на пропуст на најновите верзии на „Nexus“ мобилните телефони и таблети, а сумата може да расте доколку пронајдете и решение, како тој проблем да се отстрани.

По успешната програма во 2014-та година кога „Google“ плати повеќе од 1.5 милиони долари за откривање на слабостите и безбедносните пропусти во „Chrome“, технолошкиот гигант сега нуди нова наградна програма наречена „Android Security Rewards Program“.

Програмата моментално ги покрива безбедносните пропусти на најновата верзија на „Nexus“ мобилните телефони и таблети, а листата на уреди дополнително ќе се прошири.

Грешките кои се земаат во предвид и за нивното откривање, ќе се исплаќа износ, вклучувајќи ги и оние кои се наоѓаат во „AOSP“ и „OEM“ кодовите. „Google“ e подготвен да плати од 2.000 долари за откривање на пропуст на најновите верзии на „Nexus“ мобилни телефони и таблети, а сумата може да расте доколку пронајдете и решение, како тој проблем да се отстрани.

Најголемата награда изнесува 40.000 долари, а ќе ја добие оној кој ќе пронајде критичен „bug“ во нивниот „Android“.

„Одлуката да ја прошириме наградната програма од „Chrome“ на „Android“ беше неизбежна. Гледаме дека телефоните стануваат најважното средство кога станува збор за поврзувањето со интернет. Нашата цел е оваа програма да стане постојана и добро платена работа за истражувачите на безбедноста кои можат да пронајдат слабости и недостатоци во нашиот „Android““, објасни Адријан Лудвиг, шефот на „Google“ задолжен за безбедноста на „Android“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП