18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКако Марија Шарапова стана најдобро платената спортистка во светот?

Како Марија Шарапова стана најдобро платената спортистка во светот?

maria222

Руската тенисерка Марија Шарапова е број 4 во светот во моментов. Но во рангирањето на најплатените жени во спортот, сепак, таа е број 1.

На 4-годишна возраст, набргу по експлозијата во Чернобил, нејзините родители бегаат во Најган, Сибир. Во следните неколку години семејството менува адреси низ Русија. Шестгодишната Марија е забележана на тениски турнир во Сочи од самата Мартина Навратилова. Таа и препорачува веднаш да отиде во тениската академијата на Ник Болетиери во Флорида.

За жал, не и даваат виза на нејзината мајка, па Шарапова заминува само со татко и Јуриј. За да плаќа за обуката на Марија во тениското училиште нејзиниот татко работи на неколку места – на градилишта, чисти подовите во продавници, што и да најде. Нивниот сон сепак се реализира, па во почетокот на 2000-та година, Шарапова е сензација.

Таа е убава како Ана Курникова, но игра многу подобро. На 17 години ја победи Серена Вилијамс во финалето на Вимблдон.

marija 0002

Во последните 10 години Шарапова доминира листата на списанието Форбс како најдобро платените спортистки во светот.

Во 2014-та година таа има направено 22 милиони долари. Во оваа година таа склучува 8-годишен договор за 70 милиони долари со „Nike“, 5-годишен договор со „Evian“, договори со „Cole Haan“, „Tag Heuer“ и други.

Нејзината конкурентка Серена Вилијамс заработи 10 милиони долари помалку во изминатата година.

Марија е заштитно лице на „Porsche“. 85% од корисниците на брендот се мажи и компанијата сака да привлече повеќе жени-клиенти, па во надежта за успех веруваат дека убавата Шарапова ќе им помогне да ја остварат целта. Тие склучуваат 3-годишен договор со неа. Една недела подоцна Шарапова пушта на „Twitter“ своја слика на која вози модел на „Porsche“. Таа има 1,58 милиони следбеници на оваа друштвена мрежа.

marija 0001

Професорката Анита Елберсе од Харвард напиша извештај „Марката Шарапова“. Според неа договор со позната личност може да доведе до 4% зголемена продажба на една компанија.

При „Nike“ – „ефектот Шарапова“ лесно може да се измери. Компанијата има линија со нејзиното име. Кај другите компании е тешко да се пресмета колкав процент од продажбата е директно поврзан со неа.

Во 2012-та година таа ја создаде компанија за бонбони „Sugarpova“, така што инвестираше 500.000 долари во неа. Само за првите 6 месеци компанијата има онлајн продадено 30.000 пакетчиња бонбони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП