24 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley го подготвува најлуксузниот Flying Spur

Bentley го подготвува најлуксузниот Flying Spur

b eluga 22

Компанијата „Bentley“ ќе пушти во продажба нова верзија на седанот „Flying Spur“. Најлуксузната и во истовреме и најскапата модификација на моделот ќе го носи името „Beluga“.

Дизајнот на автомобилот е поспортски во однос на стандардниот „Flying Spur“. Машината добила обоена во црно сјајна решетка на радијаторот, нови 20-инчни тркала, како и различни отвори за воздух.

За промените се фокусирале и во кабината на возилото во кое се ставени нови седишта. Освен тоа „Beluga“ доби и спортски волан, како и различен мултимедијален систем. Седанот може да се поврзе и со интернет преку Wi-Fi.

Новата модификација е опремен со 4,0-литарски бензински Твин-турбо мотор чија моќност е 507 КС. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 5,2 секунди, а максималната брзина на „Beluga“ е 295 км/ч.

Од компанијата засега не објавија колку ќе чини оваа верзија на „Flying Spur“. Познато е само дека нарачки за возилото веќе се прифаќаат, а првите испораки до клиентите ќе станат реалност до крајот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП