13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФереро ја „окупира“ Британија

Фереро ја „окупира“ Британија

cokoladca

Управниот одбор на британскиот производител на чоколади „Торнтонс“ ја прифати понудата за превземање на оваа компанија за околу 111,9 милиони фунти (156,2 милиони евра).

Понудата ја достави италијанскиот конкурент „Фереро“.

Претседателот на „Тронтонс“, Пол Вилкинсон ги советуваше акционерите да ја прифатат понудата од 145 пени по акција, 42,9 oтсто поголема во однос на вредноста на акците на британската компанија на затворањето на берзата во петокот.

„„Фереро“ е многу успешна глобална компанија со силна семејна традиција и како таква представува добар купувач за „Торнтонс“. Поради тоа, одборот на компанијата даде едногласна препорака за понудата на „Фереро“, вели Вилкинсон.

Италијанската компанија, производител на „Нутел“ и чоколадите „Фереро Роше“ и „Киндер“, наведува дека сака дополнително да се прошири на овој важен пазар.

„Нашето работење стартуваше пред скоро 60 години со страстта за чоколадата и со посветеноста на квалитетот. Минатата година беше наша најуспешна во Британија и тоа ни влева доверба дека сега е вистинско време да се прошириме на овој пазар“, изјави извршниот директор на компанијата, Џовани Фереро.

Компанијата „Тортонс“ е основата во 1991-ва година и има вработено 3.500 лица, главно во северниот дел на Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП