21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРоботот Pepper распродаден за минута (видео)

Роботот Pepper распродаден за минута (видео)

rob pepper

Роботот „Pepper“ беше распродаден речиси веднаш откако стана достапен за пошироката јавност.

Речиси 1.000 примероци беа продадени за минута во саботата по цена од 198.000 јени (1.610 долари). Роботот беше претставен пред една година од јапонската компанија за телекомуникации „SoftBank“, па најпосле тој стана достапен за сите купувачи.

Целта на „Рepper“ е да служи како семејна компанија. Тој е програмиран да комуницира со сопствениците и да ги следи гласовните команди. Според производителот „SoftBank“, „Pepper“ е првиот робот кој може да ги забележи човечките емоции и да реагира според нив. Тој не е наменет за извршување на физички команди, туку како емоционален придружник, коментираат од производителот.

„Роботот е создаден за да ги направи луѓето среќни, така што ќе комуницира со нив. Тој е емоционален, а не функционален робот кој пример да мие садови или да чисти со правосмукалка “, стои во соопштението на француската компанија за роботи „Aldebaran“ која е и партнер на „SoftBank“ во проектот.

„Pepper ќе расте со луѓето во семејството, ќе создава врска со нив, ќе се забавува, како секој член од едно семејство“, велат од француската компанија.

Роботот ќе создава персоналност во семејството врз база на она каков е односот кон него. Тој ќе е среќен кога му се обрнува внимание и несреќен во обратна ситуација. „Pepper“ се нуди заедно со таблет на кој ќе ги покажува неговите емоции, како и со пакет од „облак“ услуги и осигурување, чија цена е 200 долари месечно.

Дури и покрај овие трошоци од „SoftBank“ очекуваат да продаваат роботи со загуба во првите четири години. Од „SoftBank“ планираат производство на 1000 роботи месечно, во соработка со „Foxconn Technology Group“ и кинескиот онлајн гигант „Alibaba“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП