7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордни нарачки за авио гигантите

Рекордни нарачки за авио гигантите

124827622455699dd25c33a934992826_w640

Двата најголеми светски производители на авиони, францускиот „Airbus“ и американскиот „Boeing“ забележаа нарачки со вкупна вредност поголема од 100 милијарди долари.

На Меѓународниот саем за воздухопловство вo Бурже француската авиокомпанија добила вкупно 421 нарачкa во вредност од 57 милијарди долари, а Boeing 331 во вредност од 50,2 милијарди долари.

Од таа сума, на нарачките од затворен тип се однесуваат 18,6 милијарди за Boeing (145 авиони) и 16,3 милијарди за Airbus (124 авиони).

Исто така, објавена е и продажбата на 142 хеликоптери, како и нарачкитe за 900 микро-сателити кои Airbus ќе ги произведе и проектира за американста старт-ап компанија OneWeb.

Меѓународниот саем за воздухопловство во Бурже, 51 по ред, предизвика рекорден интерес со 351,000 посетители, што е за 11 проценти повеќе во однос на претходната манифестација, а вредноста на договорените нарачки изнесува близу 130 милијарди долари, соопштија организаторите на Саемот.

Претходниот Саем за воздухопловство во Бурже (регион во Париз) е одржан во 2013 година, а собрал помалку посетители, околу 315,000 додека вредноста на договорените нарачки била 150 милијарди долари, пренесува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП