26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault го претстави „пикапот“ Duster Oroch (фото+видео)

Renault го претстави „пикапот“ Duster Oroch (фото+видео)

oroch

Покрај „Sanderо RS“, на саемот за автомобили во Буенос Аирес премиера имаше и „Renault Duster Oroch“. Овој „пик-ап“ е наменет за јужноамериканскиот пазар и засега не е познато дали ќе се продава во Европа.

Не случајно „Renault“ го избра овој регион за премиера на својот „пик-ап“ модел, со оглед дека во Јужна Америка секоја година се продаваат скоро милион возила од автомобилскиот сегмент на кој припаѓа „Duster Oroch“.

oroch1

Како најава на продукциската верзија, кон крајот на 2014-та на саемот во Бразил беше претставен истоимениот концепт.

Со рационализација на дизајнот со цел поевтино производство, настана и серискиот модел кој можете да го погледнете на фотографиите.

oroch2

Од „Renault“ велат дека сакале на купувачите да им понудат практично, мултифункционално теренско возило со два реда седишта и доволно место за сместување на патниците, кое во истовреме им овозможува на корисниците да превезуваат терет во отворениот заден дел од автомобилот.

Повеќе детали не беа соопштени, но неофицијалните информации откриваат дека теретниот дел е долг 1,35 метри и има носивост од околу 650 kg.

oroch3

Aвтомобилот е опремен со нов мултимедијален систем, „Media NAV Evolution“ кој вклучува и навигација и седуминчен екран чувствителен на допир.

Во кабината има место за пет возрасни лица.

„Duster Oroch“ добива погон од два бензински мотори со зафатнина од 1.6 и 2.0 литри, но од „Renault“ не ги објавија нивните спецификации.

Засега не беше објавено дали овој модел ќе биде достапен и во Европа, каде се очекува да се продава под амблемот на марката „Dacia“.

Дали „пикапот“ на „Duster“ сепак би можел еден ден да се најде и во европските продажни салони, најавуваат и фотографиите од прототипот кои неодамна беа снимени во Романија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП