
Американската осигурителна компанија „Cigna“ отфрли понуда вредна милијарди за превземање од нејзиниот постар конкурент „Anthem“, пренесува „CNNMoney“.


Американската осигурителна компанија „Cigna“ отфрли понуда вредна милијарди за превземање од нејзиниот постар конкурент „Anthem“, пренесува „CNNMoney“.
„Предлогот не е адекватен и не е во најдобар интерес на акционерите“, изјавија од давателот на здравствени услуги. Во писмо до раководството на вториот по големина осигурител во САД – „Anthem“, од „Cigna“ велат уште дека се „длабоко разочарани“ од активностите на компанијата.
Претходно „Anthem“ го зголеми предлогот, нудејќи за својот помал конкурент вкупно 54 милијарди долари, вклучувајќи и покривање на долговите. „Anthem“ нуди 184 долари за една акција на „Cigna“, изјавија од самата компанија. Спрема цената на затворање на берзата во петокот од 155 долари за акција е премија од околу 18 отсто. 31,4 отсто од цената на договорот требаше да се платат во акции, а 68,6 отсто во готово.
Ова беше четврта посебна понуда на „Anthem“ за конкурентот, но засега „Cigna“ го одбива секој предлог. Во последниот предлог кандидатот-купувач посочи дека неговата желба за договор веќе нагло опаѓа, нарекувајќи ги барањата на „Cigna“ како „неприфатливи“. „Cigna“, од своја страна, е во борба со друга компанија – „Aetna“, за купување на „Humana“, друг нивен конкурент.