18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДоколку користите WhatsApp ова сигурно нема да ви се допадне!

Доколку користите WhatsApp ова сигурно нема да ви се допадне!

whatsapp

„WhatsApp“ e една од најмалку безбедните и сигурни апликациии – докажано! На тестот за безбедност и сигурност на податоците на корисникот, кој се оценува до пет ѕвезди, „WhatsApp“ доби една.

Тестот го направи фондацијата „Electronic Frontier“, која секоја година објавува извештај за собирање, заштита и користењето на податоците на кориснците од компаниите, сервисите и апликациите. Оваа година најдобри беа „Yahoo“, „Apple“, „Adobe“, „Dropbox“, „Wikimedia“ и „WordPress“ (сите по пет ѕвезди), додека најлоши се „WhatsApp“ и „AT&T“.

Фондацијата редовно составува извештај и се потпира на транспарентноста на компаниите кога станува збор за корисничките податоци, на тоа колку често добиваат барања од поединци, влади и државни агенции да им ги отстапат податоците, колку тоа често го прават и колку долго ги задржуваат податоците на корисниците.

Од „WhatsApp“ и „AT&T“ не го коментираа овој извештај, но во однос на кредибилитетот кој го има Фондацијата и дека извештајот се основа на јавно достапни информации, извештајот за транспарентност и „инсајдерски“ информации, јасно е дека корисниците имаат причина да бидат загрижени.

Инаку „WhatsApp“ веќе неколку пати беше поврзуван со скандал за продажба на корисничките податоци и безбедносните пропусти, кои овозможуваат протекување или извлекување на кориснички податоци од апликациите и налозите.

Фондацијата „Electronic Frontier“ го објавува овој извештај од 2011-та година и компаниите кои се рангирани главно се подобри со секој нов извештај. Тренд е податоците на корисниците се повеќе се грижат на соодветен начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП