Многу луѓе би дале завидна сума на пари, само за да возат некој од овие неверојатни автомобили.
Цената да ги изнајмите, сепак, е колку да се купи еден просечен автомобил. Тие се многу високи, но имајте на ум дека станува збор за автомобили од кои има малку примероци во светот.
Погледнете ги десетте најскапи автомобили за изнајмување:
10. Ferrari 458 Speciale
Моделот има 605 HP забрзува до 100 км/час за 3 секунди. Луксузните компании за изнајмување на автомобили имаат различни цени, но обично тарифата за овој автомобил започнува од 3.000 долари на ден. Во цената за денот се вклучени 100 км. Ако патувате повеќе, обично ќе Ви се наплатат по 5,5 долари на километар.
9. Ferrari Siracusa Mansory
Забрзува до 100 км/час за 3.2 секунди. Цената е 3.909 долари на ден со ограничување од 250 км. Секој километар над тоа се наплаќа по 17 долари.
8. Rolls Royce Drophead Coupé Facelift
Цената е околу 4.500 долари за ден.
7. Lamborghini Aventador Roadster LP700-4
Автомобилот има „V12“ мотор со моќност од 700 коњски сили. Забрзува до 100 км/час за 2.9 секунди. Тој е со 7 брзиниски мануелен и автоматски пренос. Максималната брзина е 350 км/час. Овој автомобил може да се изнајми за околу 4.500 долари на ден.
6. SSC Ultimate Aero
Што ќе кажете да возите автомобил, кој крева 100 км/час за 2.5 секунди. Максималната брзина е 417 км/час! Можете да го остварите ова задоволство за 5.585 долари на ден.
5. McLaren P1
Ова е лимитирана, хибридна верзија. Тешко е да се најде овој автомобил за изнајмување, но една луксузна европска компанија го нуди, а цената е 11.100 долари на ден.
4. Koenigsegg Agera
Истата компанија која го дава под наем „McLaren P1“, го нуди и „Koenigsegg Agera“. Тој забрзува до 300 км/час за 14.53 секунди. Цената е 11.170 долари на ден.
3. Ferrari LaFerrari
Овој модел беше претставен на светот на саемот во Женева во 2013-та година. Има „V12“ мотор со моќност од 789 коњски сили. Компанија во Монако го нуди за изнајмување за сума од 13.400 долари на ден.
2. Pagani Zonda Revolucion
Има „V12“ мотор и моќност од 800 коњски сили. Ако сакате да го купите овој автомобил цената е 2,2 милиони долари. Само 5 примероци се произведени во светот. Ако сакате да возите еден од нив, една компанија во Париз го нуди тоа за 16.000 долари на ден.
1. Bugatti Veyron
Ова е најбрзата кола во светот. Таа е двосед и крева 400 км/час. Произведени се 450 примероци од неа. Цените за изнајмување на овој автомобил се движат помеѓу 19.000 и 26.000 долари на ден.