26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГолеми главоболки за Apple со оперативните системи Mac OS и iOS!

Големи главоболки за Apple со оперативните системи Mac OS и iOS!

propust 33

Голем безбедносен пропуст е откриен во оперативните системи на „Apple“, „Mac OS“ и „iOS“.

Овој пропуст го откриле шестмина експерти од повеќе универзитети. Експерите, за да влезат во системите на „Apple“, направиле повеќе малициозни софтвери.

Тие софтвери успеале да се инфилтрираат низ сите безбедносни бариери во продавницата за апликации на „Apple“, а штом ќе се инсталираат тие можат да превземаат податоци од разни локалитети од системот.

Во петокот „Apple“ го објави следново соопштение: „Во текот на оваа недела беше ажурирана апликација која ги обезбедува податоците и ги блокира „малверите“. Моментално објавуваме дополнителни поправки и работиме со експерти со цел да ги провериме тврдењата од нивната работа“.

Експерите открија голема „дупка“ во апликациите кои ги заштитуваат оперативните системи „OS X“ и „iOS“.

„Последниците се големи! На пример во последната верзија „Mac OS X 10.10.3“, нашата апликација успешно ги превзема шифрите и тајните токени од „iCloud“, електронските пошти и друштвените мрежи“, напишаа експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП