2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRange Rover прослави 45 години постоење (фото+видео)

Range Rover прослави 45 години постоење (фото+видео)

rr 45 00

Компанијата „Land Rover“, која првите дваесет години по основањето беше позната исклучиво по робусни и спартански теренци, одлучи на купувачите да им понуди луксузно „off-road“ возило. Така во 1970-та година настана „Range Rover“.

„Range Rover“ имаше постојано погон 4×4, a моќта ја добиваше од V8 мотор со 130 ks.

rr 45 01

Првата генерација на почетокот беше достапна само како модел со две врати.

Со текот на времето автомобилот се усовршуваше, па во 1981-ва е понудена верзија со 4 врати, а во 1986-та и модел со дизел мотор.

rr 45 02

Range Rover“ во 1989-та стана првиот „SUV“ со „ABS“ систем, а во 1992-ра е воведен и систем за електронско пролизгување, исто така за прв пат во еден теренец.

rr 45 08

Со бројните модификации и дотерувања, првата генерација се произведуваше цел четврт век.

Наследникот пристигна во 1994-та година во верзија со 2.5-литарски дизел мотор, како и 3.9 и 4.6-литарски „V8“ бензинци.

rr 45 03

Повеќе пространа и помодерна беше третата генерација која пристигна во 2001-ва година, заедно со палет нови погонски системи, вклучувајќи 4.2-литарски „V8“ со компресор кој пристигна во 2005-та и на крајот 5.0-литарски „V8“, кој беше воведен во 2009-та година.

rr 45 04

Актуелната, четврта генерација е лансирана во 2012-та. Од „Land Rover“ соопштија дека при изработката на конструкцијата и каросеријата значително е користен алуминиум, па така возилото е полесно за околу 420 kg oд својот претходник.

rr 45 05

Во годината во која „Range Rover“ прославува 45 години постоење, претставена е уште полуксузна и помоќна серија, „SVAutobiography“ со мотор кој развива 550 ks.

rr 45 06

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП