4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот камион на Мercedes-Atego

Новиот камион на Мercedes-Atego

13mercedes_atego1

„Merceds-Benz“ ја претстави новата генерација на камиони наменети за кратки и средни транспортни дестинации – „Atego“. Новиот модел се одликува со нови „Euro 6“ мотори, кои ќе овозможуваат овој камион да биде многу економичен кога станува збор за севкупните трошоци од работењето.

„Atego“ е четвртиот камион од понудата на„Mercedes-Benz“ компанијата, кој е целосно редизајниран, а неговата цел е да се продолжи со успешната кариера во областа на најпродавани возила од 6.5 до 16 тони наменети за транспорт на кратки релации.

Срцето на новиот погонски систем се два потполно нови „Euro 6 BlueEfficiency“ мотори, а во наредниот период ќе бидат понудени уште пет варијанти на мотори, сите со „Euro 6“ стандарди.

За помалите товари предвиден е четирицилиндричен мотор со зафатнина од 5.1 литри кој ќе се нуди во четири варијанти од 156KS па до 231KS. За поголемите товари предвиден е нов шестцилиндричен мотор со зафатнина од 7.7 литри и моќност од 238KS до 299KS.

Двата мотори нудат поголем вртежен момент на пониските вртежи отколку претходната генерација, намалени се „CO2“ и „Nоx“ емисиите, како и просечната потрошувачка. „Euro 6“ моторите имаат за 50 проценти намалување на потрошувачката на „AdBlue“ адитивите во однос на генерацијата „Euro 5“.

„PowerShift 3“ менувачите со шест или осум степени на трансмисија се вградуваат во сериската опрема, додека на списокот се наоѓа и мануелен менувач со 6 или 9 степени на пренос. Од стандардната опрема тука се „ESP“ и „ABS“ системи, а на располагање е и двофазен систем за моторно запирање на снагата до 300kw кој работи заедно со електронски контролираниот систем за сопирање на сите оски. Евентуално, можно е да се порача и магнетен ретардер до 650nm.

Подобрувања се евидентни и во дизајнот на камионот, кој сега се вклопува во спектарот на нови модели (Actros, Antos и Arocs). Предните браници имаат интегрирана дневна светлина, која опционо може да се користи и „LED“ технологијата.

Кабината сега има нова контролна табла, нов мултифункционален волан, нови седишта, а на списокот се наоѓаат и многу други мултимедијални уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП