Македонската ракометна репрезентација ќе игра во „групата на смртта“ на Европското првенство кое во јануари 2016-та година ќе се одржува во Полска.
Среќата им го сврте грбот на ракометарите при извлекувањето на групите за ЕП, жрепката ги смести во А групата, во која уште се и актуелниот шампион Франција, домаќинот Полска и Србија.
Натпреварите во А групата на ЕП ќе се играат во Краков.
Пласман во наредната фаза ќе изборат по три селекции од секоја група.
Група А (Краков): Франција, Полска, Македонија, Србија
Група Б (Катовице): Хрватска, Исланд, Белорусија, Норвешка
Група Ц (Вроцлав): Шпанија, Шведска, Германија, Словенија
Група Д (Гдањск): Данска, Унгарија, Русија, Црна Гора.