24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна продажбата на едномесечен зелен картон

Почна продажбата на едномесечен зелен картон

zelen karton 992

На почетокот на туристичката сезона, кога македонските граѓани најчесто заминуваат на одмор со своите возила, Владата ја операционализираше најавата на премиерот Никола Груевски, дадена во Охрид минатиот викенд, за измени во цената на зелениот картон, при што покрај едногодишниот се воведе и едномесечен зелен картон.

Едномесечниот зелен картон ќе чини 30 евра за тие што имаат патнички возила до 66 киловати, а 50 евра за оние со повеќе од 66 киловати.

За ова, утринава се известени подрачните канцеларии на осигурителните компании, а објавено е и соопштение на страницата на Националното биро за осигурување.

Македонските граѓани до септември 2011-та година за зелен картон со важење од еден месец плаќаа 2.450 денари (40 евра), за три месеци 3.670, за половина година 5.500 денари, а за една година 9.760 денари (150 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП