
„Renault“ ја обелодени спортската модификација на хечбекот „Sandero“, која го има добиено додатокот „RS“. Премиерата на моделот се одржа на автосаемот во Буенос Аирес.


„Renault“ ја обелодени спортската модификација на хечбекот „Sandero“, која го има добиено додатокот „RS“. Премиерата на моделот се одржа на автосаемот во Буенос Аирес.
Машината е развиена од страна на меѓународен тим на дизајнери од Франција и Бразил, и е прилагодена на желбите на клиентите на „Renault“ од Јужна Америка. Моделот доби нова каросерија со заден дифузор, двојни цевки на издувниот систем и фелни од лесна легура со големина од 16 или 17 инчи.

Хечбекот е управуван од 2,0-литарски атмосферски мотор со моќност од 150 КС, кој работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач. Возилото е опремено и со специјално прилагоден систем за стабилизација со спортски режим. Промени има и во подесувањата на управувачот и суспензијата.
Од 0 до 100 км/ч „Renault Sandero RS“ забрзува за 8,5 секунди. Максималната брзина на возилото е 200 км/ч, а тој има и систем за телеметрија „RS Monitor“. Таа му овозможува на возачот да добива информации за поминатото растојание, времето на забрзување и за оптеретеноста на моторот.

Новата верзија на „Sandero“ е развиена специјално за земјите во Латинска Америка и нема да се нуди на други пазари. Првиот моделот ќе излезе во Бразил на крајот на оваа година, а во почетокот на следната ќе почне да се нуди во Аргентина и Мексико.