20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо ноември ќе пристигне првиот смартфон на BlackBerry со Android

Во ноември ќе пристигне првиот смартфон на BlackBerry со Android

BlackBerry-Passport-on-Android

„BlackBerry“ ќе пушти модел со оперативен систем „Android“ наместо со традиционалниот оперативен систем на компанијата, „BlackBerry OS“, стана познато по информациите кои се појавија на интеренет објавени од изданието „PhoneArena“.

Моделот, кој досега беше познат по кодното име „Venice“, ќе е со ретро „лизгач“ и физичка тастатура.

Тој најверојатно ќе го носи името „BlackBerry 10 Slider“. Беа објавени и останатите технички карактеристики на уредот кој најверојатно ќе биде претставен во ноември.

Тие вклучуваат 5.4-инчен „QHD“-дисплеј, 64-битен осум јадрен процесор од „Qualcomm“ – „Snapdragon 808“ (кој се користи кај моделот „LG G4“) и 3 GB RAM меморија. Смартфонот се очекува да е со исклучителна 18-мегапикселна камера, како и 5-мегапикселна предна камера.

Се уште нема потврда на овие спецификации од канадскиот производител на смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП