2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа три дена Грците повлекле 2 милијарди евра

За три дена Грците повлекле 2 милијарди евра

evro 00340

Граѓаните на Грција во изминативе три дена повлекле 2 милијарди евра од домашните банки.

Тоа е сигнал за забрзаното темпо на одлив на средствата од банките по колапсот на преговорите на Атина со кредиторите од минатиот викенд, соопштија три неименувани извори од грчките банки за „Ројтерс“.

Штедачите меѓу понеделник и среда повлекле од банките две милијарди евра, што претставува 1.5 отсто од вкупно 133.6 милијарди евра на домаќинствата и корпорациите кои се чуваат во грчките банки до крајот на април, тврдат неименувани извори, а пренесува „Ројтерс“.

Пред оваа недела, штедачите повлекувале во просек 200-300 милиони евра дневно, а од октомври минатата година, граѓаните на Грција константно подигнувале пари од банките во страв од банкрот на Атина, наведува британската агенција.

„Следните две недели се од клучно значење за земјата и банките. Владата мора веднаш да обезбеди договор со кредиторите“, изјави еден неименуван извор од грчка банка.

Простоечката програма за меѓународна помош за Грција истекнува на 30-ти јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП