24 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕве како засекогаш да ги уништите сите податоци од вашиот компјутер (видео)

Еве како засекогаш да ги уништите сите податоци од вашиот компјутер (видео)

delete 3003

Иако класичното форматирање ги брише сите податоци и ослободува место на хард дискот, траги од овие податоци, сепак остануваат. Ова на хакерите и професионалците им овозможува со помош на посебен софтвер многу лесно да ги вратат избришаните информации, а со тоа да погледнат што сте чувале на вашиот компјутер.

Меѓутоа, доколку сакате да ги избришете податоците, така што тие засекогаш ќе исчезнат и дека никој нема да може да ги поврати назад, тоа ќе морате да го сторите на посебен начин.

Пред се, неопходно е да направите „backup“ на податоците кои сакате да ги сочувате, затоа што кога ќе започнете со оваа процедура, тие ќе бидат трајно избришани. Најдобро е податоците да ги чувате на екстерен хард диск или флеш меморија.

За трајно бришење на информациите од хард дискот потребао да користите специјална програма. Иако на интернет постојат многу т.н. „data destruction“ програми, најпопуларната меѓу нив е „DBAN“ која можете да ја превземете тука.

Следниот чекор е од превземената програма да направите т.н. „ботабилен фајл“, кој потоа можете да го вметнете на „CD“ или флеш меморија. Креирањето на „ботабилен фајл“ е премногу едноставно. Ви предлагаме да ја користите програмата „Rufus“ (можете да ја превземете тука), која е многу лесна за користење.

Доколку не знаете како да креирате „ботабилен фајл“, погледнете го видеово:

Откако подготвивте флеш меморија или „CD“ за потребниот фајл, неопходно е да го рестартирате компјутерот и да ја „ботувате“ програмата со уредот на кој го имате вметнато фајлот.

По тоа, бришењето на податоци е прилично едноставно и потребно е само да се следи упатството.

Со цел трајно да ги избришете податоците од вашиот хард диск, упатството чекор по чекор можете да го погледнете на овој видео запис:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП