21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКои паметни телефони се со најиздржливи батерии?

Кои паметни телефони се со најиздржливи батерии?

baterija mobilen

Траење на батеријата е еден од најкритичните фактори при изборот на смартфон. На крајот, кога батеријата на уредот ќе се испразни, станува безвредна, независно од тоа колку добри се неговите технички карактеристики.

Се поставува прашањето, кои од премиум моделите на водечките производители се со најиздржливи батерии.

Од изданието „phonearena.com“ се потрудија да одговорат на ова прашање, така што го подложуваат животот на батериите на 10 од водечките модели преку три видови на тестови.

Првиот тест е „Geekbench 3“. Тој е изработен од „Primate Labs“ со мерење на батеријата на уредите со оперативните системи „Android“ и „iOS“. Овој тест е синтетички и се случува при исклучен екран, а не врз база на користењето на смартфоните во реалниот живот. Тој е базиран на бројот на повторување (повторувања при обработка на податоци), од целосно наполнетата батерија од 100% до целосно нејзиното празнење на 0%.

Еве како изгледа ранг листата на батерии врз основа на овој тест:

bateri azizs1

Како што се гледа, иако има релативно скромна батерија, моделот „Samsung Galaxy S6“ ја зазема водечката позиција. Тој е следен од „Sony Xperia Z3“. „LG G4“ исто така се прикажа во добро светло што покажува значителен напредок во однос на претходната верзија – „G3“. Последното место е за „iPhone 6“.

Вториот тест, на кој биле подложени смартфоните, е на „PCMark“ развиен од „Futuremark“ и наменет за смартфоните со оперативен систем „Android“. Тој се обидува да ја нагласи реалната употреба на смартфоните од корисниците, а го истражува нивното однесување за време на употреба при капацитет на батеријата помеѓу 100% и 20%. Од компанијата сметаат дека корисниците целосно го менуваат своето однесување кога ќе достигнат 20% наполнетост на батеријата, а околу овој процент често се вклучува и софтвер за продолжување на животниот век на батеријата.

Еве и какви се резултатите од тестот:

bateri azizs2

Како што се гледа тука, прв е „Sony Xperia Z3“ со издржливост на батеријата од 7 и пол часа, следен од „Galaxy S6“ и „Galaxy Note 4“. Тука последното место е за „LG G3“.

bateri azizs3

Последниот тест е развиен од изданието „PhoneArena“. Тој исто така ја нагласува вистинската употреба на смартфоните од корисниците, а се истражува животот на батеријата од 100% до целосното нејзино празнење. Победник и тука е „Sony Xperia Z3“ со траење на батеријата од 9 часа и 29 минути. На второ место е поставен моделот „Galaxy Note 4“, а на трето „Google Nexus 6“. На последно место повторно е „iPhone 6“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП