7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЖито Маркети со донација во пресрет на Рамазанските пости

Жито Маркети со донација во пресрет на Рамазанските пости

z market2

Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан – Mесецот на постот, во соработка со хуманитарната организација Хилал, Жито Маркети ќе додели 200 пакети со прехранбени продукти на граѓаните од најранливите групи на кои што им е потребна помош.

„Жито Маркети повторно ја докажа својата значајна и одговорна улога во нашето општество. Рамазан е исламски празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар каде се практикува пост, молитва, солидарност и милосрдие. Оваа акција е знак дека Жито Маркети се дел од таа солидарност. Искрено верувам и се надевам дека повеќе компании ќе го следат примерот на Жито Маркети и ќе придонесат Македонија да биде место каде што грижата едни за други е значајна и неминовна во секој поглед и пригода“, изјави Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација Хилал.

Донаторската акција ќе се спроведе на 18-ти јуни 2015-та година, кога е и првиот ден од Рамазан. Акцијата ќе се реализира во шeст градови низ Македонија, односно, во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Велес и во Куманово, каде што, со помош на организацијата Хилал, се посочени социјално најранливи семејства.

„Нашата компанија е градена врз столбовите на чесноста, разбирањето и искреноста кон потрошувачите. Постојаната грижа преку споделување добрина ни дава можност полесно да ја разбереме секојдневната потреба на граѓаните и да им помогнеме секогаш кога тоа им е потребно. Оваа донаторска акција, пред самиот почеток на најголемиот исламски празник Рамазан е еден од начините да ја покажеме и искажеме нашата постојана поддршка и грижа за семејствата со потреба од помош“, посочи Стојанче Тодороски, маркетинг директор на Жито Маркет.

Според исламската религија, постот за време на Рамазан е задолжителен за сите муслимански верници со цел нивно физичко и душевно прочистување. По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански Бајрам (Рамазан Бајрам), кој што се смета за еден од најголемите празници во Исламот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП