22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy A8 - новиот ултра тенок смартфон (фото)

Galaxy A8 – новиот ултра тенок смартфон (фото)

te samsi

Конкуренцијата помеѓу „Samsung“ и „Apple“ се вжешти сериозно откако јужнокорејскиот производител го лансираше својот најнов модел „Galaxy S6“.

Од производителот сепак не мислат да запрат тука, па планираат да пуштат уред далеку потенок од тој на водечкиот американски конкурент.

te samsi1

Досега борбата со „Apple“ во однос на дебелината на уредите беше речиси израмнета, па така „iPhone 6“ е со дебелина од 6,9 милиметри, а новиот модел „Galaxy S6“ е со дебелина од 6,8 мм.

Од „Samsung“ сега планираат да бидат значително поконкурентни со претставувањето на нов модел со дебелина од 5,9 мм, кој се очекува да биде со името „Galaxy A8“.

te samsi2

Ова е особено импресивно со предвид на очекувањата смартфонот да е со 5.7-инчен дисплеј.

Другите технички карактеристики на уредот вклучуваат процесор „S615 Qualcomm Snapdragon“, RAM меморија од 2GB, 16 мегапиксели задна камера и батерија со капацитет од 3050 mAh, како и најновиот оперативен систем „Android 5.1.1 Lollipop“. Се уште не е познато која ќе биде цената на новиот уред или кога ќе се појави на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП