3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot го претстави спортскиот 308 GTi (фото+видео)

Peugeot го претстави спортскиот 308 GTi (фото+видео)

static_308_gti_002_0

Најмоќната верзија на новата генерација на хечбекот „Peugeot 308“ развива 270 КС, стана познато од официјалната информација за моделот. Тој го носи култното име „GTi“, а може да се нарача и во умерена верзија со 250 КС.

static_308_gti_006_0

Новиот „Peugeot 308 GTi“ добил сеопфатен бодикит, изработен во стилот на познатиот „308 GT“. Тука сепак дизајнот е поагресивен, па демонстрира поголеми отвори за воздух, различни браници, заден дифузор и издувниот систем со две крајни цевки. Ентериерот е изработен во склад и нуди спортска атмосфера, а кај најмоќната модификација се достапни тркачки седишта со тапацир од алкантара.

static_308_gti_013_0

Моделот е управуван од 1,6-литарски турбо мотор на францускиот производител, кој кај „308 GTi“ се нуди во две верзии. Основната генерира 250 КС, а кај помоќната показателот е зголемен до 270 КС. И двете модификации располагаат со вртежен момент од 330 Нм, кој се пренесува на предните тркала преку рачна трансмисија со 6 брзини.

static_308_gti_033_0

Новиот „308 GTi“ има вкупна маса од 1205 килограми, а верзијата со 250 КС забрзува од 0 до 100 км/час за 6,2 секунди. Моделот „Peugeot 308 GTi“ со 270 КС го прави истото со 0,2 секунди побрзо, а исто така располага со „Torsen“ диференцијал со ограничено лизгање.

static_308_gti_035_0

И двете верзии на моторот ги покриваат нормите на Евро 6, нудејќи просечна потрошувачка од 6,0 литри на 100 километри, посочувајќи од информациите.

static_308_gti_007_0

Спортскиот модел е опремен со суспензија, исто така е различен и управувачот, како и системот за сопирање. Освен тоа возачот има можност за целосно исклучување на системот „ESP“.

Продажбата на новиот „Peugeot 308 GTi“ ќе започне оваа есен, а се очекува тогаш да бидат познати и цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП