28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанки ќе плаќаат обесштетување од 2 милијарди долари поради манипулација на девизниот...

Банки ќе плаќаат обесштетување од 2 милијарди долари поради манипулација на девизниот пазар

banks_1780461b

Вкупниот износ исплатен од различни банки поради манипулација на девизниот пазар, достигна близу 2 милијарди долари по последните договори со властите во светот, пренесуваат светските агенции.

„HSBC Holdings PLC“, „Barclays PLC“, „BNP Paribas SA“ и „Goldman Sachs Group Inc“ од неодамна имаат потпишано договори за решавање на различни дела, посочија луѓето кои се запознаени со ова прашање.

Според нивните зборови „HSBC“ се согласи да плати 285 милиони долари, а „Barclays“ – 375 милиони долари. Претходно беше соопштено дека „Goldman Sachs Group“ е во напредни преговори за постигнување договор за 129,5 милиони долари. Засега не е познат само износот што банката „BNP“ се согласила да го плати.

Четирите банки се дел од барем десетина доверители наведени како обвинети во тужбата поднесена кон крајот на 2013-та година од Адвокатските канцеларии „Scott + Scott LLP“ и „Hausfeld LLP“ од името на група баратели, вклучувајќи и неколку државни пензиски фонд во САД. Според тужбата трговците на банките неправилно соделувале доверливи информации на своите клиенти преку електронски „виртуелни простории“ за разговор со идејата да манипулираат на девизсниот пазар вреден околу 5.3 илјади милијарди долари.

Претходно оваа година пет други банки постигнаа договори во износ од околу 1 милијарда долари, покажуваат јавните изјави на доверителите и адвокатските канцеларии, вмешани во случајот.

Тужителите ги обвинуваат трговците на банките за заговор при разговорите во „собите“ со имиња како „Картелот“ и „Дрим тим“, преку кои се изманипулирани девизните пазари.

„Банките учествуваа во нелегалниот заговор за ограничување на трговијата“, пишува во тужбата.

Истовремено три од банките – „Deutsche Bank AG“, „Credit Suisse AG“ и „Morgan Stanley“, се уште не постигнале договор, велат изворите, запознаени со овој случај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП