8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИC моделот на iPhone 6 ќе пристигне во септември?

C моделот на iPhone 6 ќе пристигне во септември?

iPhone-6C

Компанијата „Apple“ се уште официјално не потврди кога ќе се пристигне евтината верзија на „iPhone 6“, но се појави вест дека тоа би можело да се случи во септември.

Претходно се шпекулираше дека во „Apple“ се одлучиле да се ослободат од серијата „C“, но новите информации сугерираат на тоа дека таа би требало да се појави оваа година. Овие тврдења дополнително ги поткрепува фактот дека фотографии се појавија на самата интернет страна на „Apple“.

Доказите говорат дека „Apple“ има во план на пазарот да пушти пластична „шестка“ во септември која најмногу би се разликувала од својот претходник по тоа што ќе има „touch ID“ кој ги препознава отисоците на прстите.

Исто така, камерата ќе има различна форма, повеќе ќе биде овална, отколку округла, додека звучниците на дното ќе имаат повеќе дупки. Се наведува дека моделот „С“ ќе биде потенок и позаоблен, а камерата испакната.

Што се однесува до големината на екранот, најверојатно тој ќе биде од 4 инчи, иако експертите велат дека би било погрешен потег да се намалува големината на екранот, од онаа која ја има кај актуелните модели, па затоа и ова прашање и натаму останува отворено. Телефонот исто така би требало да има вграден „А8“ процесор, како и во „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“.

Кога станува збор за боите, се верува дека тие ќе бидат исти како брезлетните на „Apple Watch“ – сина, розева, зелена, бела и црна. Жолтата боја не се покажа како многу популарна, па поради тоа беше отстранета.

Со цел моделот „С“ да биде подостапен од својот метален претходник, батеријата нема да биде подобрена, иако „Apple“ најави дека идните модели ќе бидат со подолго траење. Корисниците сепак очекуваат цената да биде значително пониска во однос на разликата на моделите „5S“ и „5C“, односно околу 299 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП