26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi SQ7 оваа година ќе се појави на пазарот (фото)

Audi SQ7 оваа година ќе се појави на пазарот (фото)

sq7 ii

Шпионски фотографии на врвниот спортски модел во гамата на новата генерација „Audi Q7“ објави изданието „Worldcarfans“.

Ова е моделот „Audi SQ7“ кој ќе има премиера во септември, а неговата продажба ќе започне кон крајот на оваа година.

Од кадрите станува јасно дека возилото е речиси завршено, а ќе се одликува со различни браници и прагови, помоќни сопирачки, уникатни бандажи и издувниот систем со четири крајни цевки.

sq7 ii1

За погонот ќе биде задолжен моќен дизел „V8“ мотор со зафатнина од 4,0 или 4,2 литри, покажуваат најновите информации. Моторот ќе добие електрична турбина, која помага при работата на моторот при ниски вртежи. Предметната дополнителна турбина е производ на францускиот провајдер за автомобилската индустрија „Valeo“, од каде неодамна изјавија дека технологијата „e-turbo“ ќе ја редуцира потрошувачката на гориво помеѓу 7 и 20%.

Се очекува моторот на „Audi SQ7“ да обезбедува моќност од околу 400 КС, со што ќе се овозможи забрзување од 0 до 100 км/час за околу 4,5 секунди. Максималната брзина ќе изнесува 300 км/час.

sq7 ii2

Премиерата на „Audi SQ7“ ќе се одржи во септември во Франкфурт, а продажбата ќе стартува пред крајот на оваа година. Шпекулациите покажуваат дека цената на спортскиот кросовер ќе биде околу 80.000 евра.

sq7 ii3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП