14 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПронајден сериозен недостаток на телефоните на Samsung (видео)

Пронајден сериозен недостаток на телефоните на Samsung (видео)

sams problemi

Со оглед дека се поголем е бројот на корисници на паметни телефони, како и фактот дека во нив се чуваат важни приватни информации, мобилните уреди последниве години стануваат се поинтересна мета за хакерите.

Иако нападите и натаму се чести на компјутерите, ситуацијата полека се менува, а најзагрозени се корисниците на оперативниот систем „Android“.

Последните информации поврзани со опасните безбедносни пропусти кои хакерите можат да ги искористат во своите напади се поврзани со смартфоните на „Samsung“.

Компанијата „NowSecure“ откри пропуст во врска со „SwiftKey“ тастатурата која е однапред инсталирана на мобилните уреди на оваа комапнија, а станува збор за околу 600 милиони мобилни уреди.

Рајан Велтон, експертот за безбедност од „OneSecure“, oткри дека хакерите на телефоните, наместо класичното надоградување на оваа тастатура, можат да инсталираат малициозен софтвер.

Вештите хакери така би можеле овој пропуст да го искористат за пристап до сите контакти, пораки, информации поврзани со корисничките имиња и лозинки за пристап до податоците поврзани со кредитните картички, како и сите останати приватни и чувствителни податоци – нормално, сето тоа без знаење на сопственикот на телефонот.

Од „Samsung“ за овој пропуст дознале уште во ноември минатата година, па кон крајот на март оваа година објавија „patch“ зa верзиите „Android 4.2“ и поновите, но од „NowSecure“ веруваат дека нивните мобилни уреди и натаму се загрозени.

Па така Велтон го тестираше последниот модел на оваа компанијата „Galaxy S6“ (за американските мобилни мрежи „Verizon“ и „Sprint“) и на него успеа да го изврши истиот овој напад.

„Можеме да потврдиме дека, со тестовите кои ги спроведовме во последните неколку дена, откривме дека овој пропуст не е решен на моделот „Galaxy S6“, „Forbеs“ ја пренесе неговата изјава.

Тој додава дека овој пропуст веројатно ќе влијае на повеќето телефони на „Samsung“ кои работат на „Android“, влучувајќи ги и најпопуларните модели „Galaxy S3“, „S4“, „S5“ и на моделите „Note 3“ и „4“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП