4 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХибридниот BMW X5 е поевтин од конкурентите

Хибридниот BMW X5 е поевтин од конкурентите

b hybrid 222

„BMW“ ги објави цените на хибридниот „Х5“ со можност за полнење од електричната мрежа – „xDrive40e“. Моделот има почетна цена од 68.400 евра, што го прави подостапен од неговите главни конкуренти.

За споредба, хибридниот „Volvo XC90 T8 Twin Engine“ има почетна цена од 76.160 евра, а верзијата на „Porsche Cayenne S E-Hybrid“ е проценета на 82.920 евра.

Моделот на компанијата со седиште во Минхен користи моќ од агрегат со вкупна моќност од 311 КС и 450 Нм вртежен момент. Во него се вклучени 2,0-литарски бензински мотор со 4 цилиндри и моќност од 245 КС, и електромотор со 113 КС. Напојувањето е доверено на комплет литиум-јонски батерии со капацитет од 9 kW/h. Сето ова работи во комбинација со 8-степен менувач „Steptronic“ и систем за погон на четири тркала „xDrive“.

Кросоверот со тежина од 2230 килограми троши 3,4 l/100 km, а само на електрична енергија може да помине 31 километр со брзина од 120 км/ч. Во хибриден режим теренецот забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,8 секунди, а максималната брзина му е 210 км/ч.

Полнењето на батериите трае 3 часа и 50 минути, но со посебениот уред „BMW I Wallbox“ тоа време може да биде намалено до 2 часа и 45 минути.

„BMW X5 xDrive40e“ дебитираше пред публика во март оваа година и ќе се појави на пазарот во почетокот на есента. Неговото производство се одвива во фабриката во Спартанберг, САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП