11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPlayStation 4 конечно стана вистински домашен медиа центар

PlayStation 4 конечно стана вистински домашен медиа центар

mp sony 22

На многумина од самиот старт им пречеше што „PS4“ нема можност за пуштање на филмови и музика, но „Sony“ конечно го корегираше и овој недостаток кај својата конзола.

Компанијата вчера конечно ги воведе долгоочекуваните новитети во „PlayStation 4“ и ја претвори конзолата во домашен медиумски центар, а не само како уред за играње.

Па така корисниците на „PS4“ сега ќе можат да пуштаат филмови и музика со „USB“ или дискови во домашни услови. На својот официјален блог компанијата објасни дека на корисниците ќе им се појави нова икона „Media player“ преку која може да го превземат потребниот софтвер.

Апликацијата поддржува „.mkv“, „.avi“, „.mp4“, „.mp3“, „.mpeg3“ и „.aac“ форматите, што значи дека би требало да се овозможи да се стартуваат скоро сите видео колекции кои ги поседуваат корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП