10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИталијански хибрид кој развива 390 км/ч (фото)

Италијански хибрид кој развива 390 км/ч (фото)

it masina

Работилницата „Torino Design“ на автомобилскиот саем „Parco Valentino – Salone & Gran Premio“ во Торино го претстави својот концептуален модел „ATS Wildtwelve“, кој ќе се појави и во сериско производство.

Возилото се потпира на хибриден агрегат, во кој влегуваат 3,8-литарски бензински „V12“ би-турбо мотор и два електромотори, одговорни за предната оска. Вкупната моќност на системот е 860 КС, а максималниот вртежен момент изнесува 918 Nm. Менувачот е 9-степенен секвенцијален.

it masina1

Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај овој автомобил трае 2,6 секунди, а според претставници на компанијата-производител, максималната брзина достигнува 390 км/ч.

Засега овие бројки се само теорија, а претстои тие да бидат потврдени или негирани од 30 среќници кои ќе имаат можност да го купат овој супер автомобил.

it masina2

Првиот примерок веќе е продаден на дизајнерот Санто Версаче. Од компанијата „Torino Design“ се категорични дека ќе стартуваат со производство, откако сите нарачки ќе бидат реализирани.

Моделот ќе се составува во легендарната фабрика на „Bugatti“ во Кампогаљано. Цените на моделот се уште се чуваат во тајност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП