2 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го претстави таблетот од серијата Galaxy Tab E

Samsung го претстави таблетот од серијата Galaxy Tab E

sams tab333

Пред извесно време пишувавме за таблетот „SM-T560“ на „Samsung“. Тогашните информации поврзани со спецификациите се базираа на промотивниот каталог на тајванскиот оператор – „Taiwan Mobile“.

Но, веќе на почетокот на оваа недела „Samsung“ направи и официјално претставување на таблетот „SM-T560“ со што воедно ги демантираше и дел од шпекулациите од тој промотивен каталог, а сега ќе ги споредиме со тогашните информации. Па, наместо најавената резолуција од 1.280 x 768, 9,6-инчниот „TFT“ екран всушност го одликува нешто подобра резолуција од 1.280 x 800 пиксели.

Бројот на јадра т.е. нивната брзина во каталогот беа точно наведени – четири јадра со брзина од 1,3 GHz. Што се однесува до работната и меморијата за чување податоци, „Samsung“ се одлучи за комбинацијата 1,5 GB RAM и 8 GB интерен просотор за чување податоци, кој лесно може да се прошири со „microSD“ мемориска картичка.

Тајванскиот оператор точно го спомена и капацитетот на батеријата (5.000 mAh), како и разолуцијата на задната (5 MP) и предната камера (2 MP). Но, погреши при оперативниот систем – и натаму станува збор за „Android“, но не за „Lollipop“, туку за постарата верзија „KitKat“.

Интернет конекцијата се остварува преку „Wi-Fi“, додека „3G“ моделот (SM-T561) би требало да пристигне нешто подоцна. Цената на таблетот „SM-T560“ е 225 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП