18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛегендарниот ‘Колт’ во стечај, се нуди за нула долари

Легендарниот ‘Колт’ во стечај, се нуди за нула долари

Image (82)

Легендарниот американски производител на пиштоли „Колт“ (Colt) ја покрена стечајната постапка, а на аукција ќе биде понуден за нула долари.

Сопственикот на „Colt Defens“, инвестицискиот фонд „Sciens Capital Management“, предложи купување на компанијата по почетна цена од нула долари, но со преземање на 105 милиони американски долари постојни кредитни обврски и до 20 милиони долари нови кредити.

Продажбата на пушките и пиштолите на „Колт“ во 2014 година паднала за 30 отсто, па компанијата во мај годинава не можеше да исплати 11 милиони долари доспеани обврзници на сопствениците, на коишто вкупно им должи околу 20 милиони долари.

Во таквата тешка ситуација, компаниите вообичаено им ја препуштаат сопственоста на кредиторите, заменувајќи ги долговите за сопственичкиот удел. Тоа сопствениците на обврзниците на „Колт“ и го предложија во март. Меѓутоа, компанијата тоа го одби, со образложение дека тоа би било преризично. Од друга страна, пак, „Колт“ некогаш главен снабдувач со оружје на американската армија, предложи издавање на нови акции во износ од 450 долари за секоја досега издадена обврзница во вредност од 1.000 долари, што прави дисконт од 55 отсто. Бо, сопствениците на обврзниците ја одбија таа понуда.

Бидејќи во „Colt Defens“ проценуваат дека во следната 2016 година приходите ќе им растат, неговиот сопственик „Sciens Capital Management“ се реши да се обиде да ја задржи сопственоста, дури и доколку имателите на обврзниците претрпат големи загуби.

Покренувањето на стечајната постапка и понудата на компанијата на јавно наддавање е начин „Колт“ да го избегне прекинот на производство и активности, поради што компанијата би престанала да ги испорачува нарачките, би укинала 800 работни места и би го довела во прашање фондот за пензиско осигурување на своите вработени, наведе во стечајните документи директорот за реконструирање, Кит Мејб.

Понудата на „Sciens Capital Management“ за купување на „Colt Defens“ за нула долари, со преземање на обврските на компанијата и нови кредити, ќе биде само почетната понуда на акцијата, закажана за 3-ти август.

„Секој кој мисли дека тоа е прениска цена, може да понуди колку што смета дека компанијата навистина чини. Очекувам голем интерес на аукцијата“. Колт е икона!“, вели за Reuters Ван Конвеј претседател на консултантската компанија „Conway Mackenzie“.

„Colt’s Manufacturing Company“ во 1855 година ја основал Семјуел Колт, а оваа компанија долг период доминираше на американскиот пазар како по производството, така и по иновативноста, особено од половината на XIX век до Првата светска војна. Проблемите на компанијата се интензивираа кон крајот на минатиот век и траат до денес поради зголемената конкуренција и, како што се жалат од неа, поради кампањата за не купување оружје во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП