12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАфера ФИФА: Блејзер шпионирал за FBI од 2011-та

Афера ФИФА: Блејзер шпионирал за FBI од 2011-та

Chuck Blazer

Американското обвинителство го објави во понеделникот покајничкиот договор на Чак Блејзер, поранешниот член на извршниот одбор на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА, од кој може да се види дека речиси две години набавувал доверливи информации за Федералното биро за истраги (FBI), пред самиот да ја признае вината за манипулации.

Иако американските обвинители се противеа на јавното објавување на споменатиот документ, наведувајќи како причина преудицирање на резултатите од истрагата и стравување за безбедноста на Чак Блејзер, окружниот судија Рејмонд Џозеф Дири, уште во четвртокот го одбил тоа нивно барање документот да остане тајна и наложил негово објавување.

„Начинот на кој Блејзер соработувал, барем кога станува збор за соработката, мора да биде изваден од сенката“, напишал судијата Дири во образложението на одлуката договорот на обвинителството и 70-годишниот Блејзер дека мора да биде се направи да биде достапна за јавноста.

И без одлуката на судот, многу поединости од сведоштвата на Блејзер се најдоа во медиумите. Од тие документи може да се види јасно дека Блезјер признал земање мито во процесот за избор на домаќините на светските фудбалски првенства во 1998 и 2010 година, како и за пет организации на Голд Купот, најзначајното натпреварување на националните селекции од Северна и Средна Америка и Карибите (CONCACAF). Блејзер, исто така, признал дека ги избегнувал плаќањето на даноците, а во соработка со уште неколку помошници учествувал и во префрлањето средства од една на друга банкарска сметка за да ја прикрие трагата. Се согласил да плати парична казна во висина од 1,9 милиони американски долари.

Блејзер од декември 2011 година бил и доушник на FBI за кои собирал информации и документи поврзани со истрагата, учествувал во тајни операции и се согласил да биде сведок на судење, кога ќе започне таква постапка. Тој е еден од четворицата поединци кои во тајност ја признале вината пред целиот случај да ескалира со апсењата на челници на ФИФА во швајцарски Цирих на 27-ми мај годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП