23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW вети автомобил на водород до 2020-та година

BMW вети автомобил на водород до 2020-та година

h bmw

Првиот автомобил на водород на „BMW“ ќе се појави на пазарот најдоцна во 2020-та година. Ова го тврди изданието „Auto Express“, кое се повикува на неименувани претставници на германскиот производител.

Според информациите машината со горивни ќелии ќе стане дел од семејството еколошки модели „BMW i“. Моделот се развива заедно со брендот „Toyota“, која сега го нуди на пазарот својот водороден седан „Mirai“. Баварците сепак не сакаат да ја користат првата генерација на технологијата и ќе ја почекаат појавата на втората генерација на водородни агрегати.

Пред тоа, сепак „BMW“ ќе ја пополни линијата „i“ со трет модел. Ова ќе биде електричен кросовер, кој ќе се приклучи на „BMW i3“ и „BMW i8“. Целта на овој автомобил е да се избори за клиенти со идниот „Tesla Model X“. Американската машина најверојатно ќе излезе на пазарот во почетокот на 2016-та година.

Обиди за правење на електричен кросовер прават не само во „BMW“ и во „Tesla“. Неодамна од „Audi“ најавија дека го подготвуваат моделот „Q6“, кој ќе се нуди и во верзија со електромотор.

Моделот на „BMW“ ќе се произведува во фабриката во Спартенберг (САД). Токму таму се составуваат и поголемиот дел од кросоверите на германскиот производител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП