ИНТЕРЕСНО

Македонските кик боксери освоија 21 медал на Балкан опен

kik bokseri 330

Македонските кик боксери настапија на европскиот куп Балкан Опен во Тешањ, Босна и Херцеговина, каде освоија 21 медал и пехар за најдобра натпреварувачка лоу кик и најдобар тим.

Учество зедоа 379 кик боксери од 15 земји, а Македонската кик бокс федерација и Македонија се побогати за 21 медал. Пехарите за најдобра натпреварувачка во лоу кик, Кристина Стојчевска – 56 кг. и пехарот за најдобар тим во лоу кик само го потврдија квалитетот.

Освоени се вкупно пет златни, осум сребрени и осум бронзени медали.

Со злато се закитија : Марија Божиновска +70кг кик лајт, Војдан Кардалев -94кг кик лајт, Димитар Ѓорѓиев -79кг кик лајт, Бобан Илиовски -71кг лоу кик, Кристина Стојчевска -56кг лоу кик.

Сребрени се: Вчков Филип-69кг кик лајт, Ризов Филип -52кг кик лајт, Бобан Несторовски -84кг кик лајт и лајт контакт, Филип Митревски +94кг лајтконтакт, Хадис Рамадани -67кг лоу кик, Стефани Тодорова -70кг кик лајт, Марија Божиновска +70кг лајт контакт.

Бронзи освоија: Војдан Кардалев -94кг лајт контакт, Денис Муаремовски -63кг лоу кик, Павел Стојчевски -32кг поинт фајт, Ненад Манојловски -69кг кик лајт, Бајром Рамадани -69кг кик лајт, Азрет Зекири -69кг кик лајт.

Претседателот на КБФМ беше награден со плакета од претседателот на Босанската федерација Алија Огрич за успешна соработка и развивање на кик бокс спортот.