17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајдобрите фаблети со цена под 200 долари (фото)

Најдобрите фаблети со цена под 200 долари (фото)

fabi nas

Фаблетите или смартфоните со големина на дисплеите над 5,5 инчи, се особено популарни, особено во азискиот регион, каде формираат над 50% од продажбата.

Оваа класа смартфони почнува да се воведува во се поголема мера и во САД и во Европа, но во оваа фаза се најпосакувани од корисниците на пазарите во развој. Во таа насока производителите често се обидуваат да понудат смартфони со големи екрани, но со ниска цена.

Еве ги најповолните понуди на пазарот во моментов, врз основа на цена-квалитет, според изданието „phonearena.com“:

Asus ZenFone 2 (16 GB, 2 GB RAM)

fabi 1

Еден од најпосакуваните смартфони во Азија во моментов е моделот „ZenFone 2“, кој е првиот на пазарот со 4 GB RAM меморија. Смартфонот располага уште со 64 GB RAM меморија, и на пазарот пристигнува при ниво од 299 долари. За оние кои можат да се помират со 2 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна, постои верзија со продажна цена од 199 долари. Оваа опција се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција од 1.080 пиксели, новиот оперативен систем „Android Lollipop“ и „quad-core“ процесор од „Intel Atom Z3560“, со фреквенција од 1,8 GHz.

„BLU Studio X Plus“

fabi 2

Овој релативно нов модел е претставен на почетокот на годината и се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција од 720 пиксели, како и старата верзија на „Android – KikKat“. Иако има послаби технички карактеристики, сепак, останува многу добар предлог за цената од 135 долари. Процесорот му „quad“ од „MediaTek – MT6582“. Другите карактеристики вклучуваат 1 GB RAM меморија, 8 GB внатрешна меморија, 8-мегапкселна задна камера.

„Lenovo K3 Note“

fabi 3

Претставен првично како верзија само за кинескиот пазар, потоа моделот стана меѓународно достапен, како последица на исклучително големиот интерес за него. Главната причина за ова е, се разбира, ниската цена од 170 долари. За неа корисниците добиваат смартфон со 5,5-инчен екран со резолуција 1.080 пиксели, 13 мегапиксели задна и 5 мегапикселна предна камера, 2 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија. Процесорот е осум јадрен од „MediaTek – MT6752“. Тој е со можност за две картички, како и заменлива батерија со капацитет од 3.000 mAh. Единствениот недостаток на овој уред е недостатокот на можности за работа во 4G мрежите.

„Lenovo S930“

fabi 4

Уште еден уред на „Lenovo“ се наоѓа во оваа листа. Оригиналната цена при претставувањето беше 200 долари, а денес таа изнесува 121 долари. Моделот е со голем 6-инчен дисплеј со резолуција од 720 пиксели, 1 GB RAM меморија и 8 GB внатрешна меморија. Процесорот е „quad-MediaTek MT6582“. Задната камера е од 8 мегапиксели, а батеријата е со капацитет од 3000 mAh. Оперативниот систем, исто така е веќе релативно стар – „Android 4.2 Jelly Bean“.

„Nokia Lumia 1320“

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Иако е веќе две години стар, овој модел на „Nokia“ наскоро ќе биде надграден со новиот оперативен систем „Windows 10“, што во комбинација со ниска цена од 187 долари го прави уредот многу привлечен. Тој се одликува со 6-инчен дисплеј со резолуција од 720 пиксели. Процесорот е „dual-core“ од „Qualcomm“ со фреквенција од 1.7 GHz. Батеријата е многу моќна со капацитет од 3.400 mAh. Задната камера сепак е само 5 мегапикселна. Оперативната меморија е 1 GB, а внатрешната – 8 GB.

„ZTE Grand Max +“

fabi 6

Уште еден уред на кинески производител со голем екран се најде во рангирањето – „ZTE Grand Max +“. Тој се одликува со 6-инчен дисплеј со резолуција од 720 пиксели, „quad-core“ процесор „Snapdragon 400“, 13 мегапиксели задна и 5 мегапикселна предна камера и 2 GB RAM меморија. Внатрешната меморија е 16 GB, а батеријата му е со капацитет од 3.200 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП