Според последните информации, следната генерација на „Porsche 911“, чие појавување е планирано за 2018-та година, ќе се нуди и во хибридна верзија. Тоа го пишува весникот „Motoring“, повикувајќи се на двајца од менаџерите на германската компанија.
Шефот на тркачката поделба на „Porsche“, д-р Френк-Стефан Вализер, признава дека првата „ековерзија“ ќе биде поставена на модификацијата со погон на четири тркала – „Carrera 4“. Електричниот агрегат ќе ја управува предната оска, а за задната ќе одговара мотор со внатрешно согорување.
Потпретседателот на компанијата, д-р Волфганг Хатц, за возврат откри дека бензинскиот мотор за хибридниот модел ќе биде атмосферски, а не со турбина. За изборот на таков мотор главна улога игра неговата повеќе едноставна конструкција и помала тежина. Хибридната верзија ќе може да се полни од електричната мрежа.
Хатц истакна дека главната причина за појавата на хибридното „Porsche 911“ се сурови норми за екологија на новите автомобили, кои ги предвидува европското законодавство. Сепак тој смета дека „зелените технологии“ можат да им нудат задоволство на возачите.
Токму поради намалувањето на вкупното ниво на штетни гасови „СО2“ кај моделите, „Porsche“ презема и друг тек. На автосаемот во Франкфурт во септември компанијата ќе ја покаже модификација на 911 со нова серија компактни бензински турбо мотори.