Најавата за телефонот „OnePlus Two“ (OnePlus 2) не е далеку, а најновите гласини укажуваат на тоа дека уредот ќе биде лансиран во јули.
Според одредени информации, следниот месец „OnePlus Two“ ќе се појави на пазарот по цена од 322 долари.
Станува збор за цена која конвертирана од кинески јуна, а доколку телефонот се продава по цена под 400 долари, нема сомневање дека „OnePlus Two“ ќе биде еден од најпопуларните телефони во оваа година.
Засега нема премногу детали за спецификациите на овој уред, но се споменува процесорот „Snapdragon 810“, што значи дека телефонот дефинитивно ќе биде рамо до рамо со најдобрите на пазарот.