18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar го обнови предводникот XJ (фото+видео)

Jaguar го обнови предводникот XJ (фото+видео)

xj jaguar

Британскиот производител „Jaguar“ ја претстави подобрената верзија на моделот „XJ“. Седанот, е достапен во стандардна и продолжена верзија, а доби голем број новитети, меѓу кои и две специјални верзии.

Новините во дизајнот на екстериерот не се големи, а се изразени во благо зголемената решетка на ладилникот и предните и задни „LED“ светла, кои сега нудат различен распоред.

xj jaguar1

Луксузниот седан веќе се нуди и со ново електрично серво управување, кое според информациите обезбедува поголема одговорност на воланот и намалување на потрошувачката на гориво.

Исто така достапни се најновите системи и технологии за безбедност, како и „All-Surface Control Progress“ (ASPC) системот.

xj jaguar2

Друга новина кај „Jaguar XJ“ се двете специјални модификации – луксузната „Autobiography“ и спортската „R-Sport“.

Првата се нуди исклучиво за продолжената верзија на автомобилот, а демонстрира уникатна опрема, вклучувајќи 20-инчни тркала „Maroa“ и голем број хромирани елементи. Во кабината пак се користи специјална кожа со контрастни шевови, амбиентно осветлување, декоративни елементи од даб, индивидуални задни седишта со функција за масажа, два дополнителни 10,2-инчни „HD“ дисплеи и друго.

xj jaguar3

Спортскиот „XJ R-Sport“ добил сеопфатен бодикит, вклучувајќи различни браници, прагови и крила, како и различна опрема во кабината, нагласувајќи го спортскиот дух.

Обновениот „Jaguar XJ“ ќе излезе на пазарот во текот на оваа есен. Во моментов се познати цените за Велика Британија, каде што моделот стартува од 58.690 фунти. Верзијата „Autobiography“ со 5,0-литарски мотор чини околу 100.000 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП