24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНаше Такси во тек со новите технолошки трендови

Наше Такси во тек со новите технолошки трендови

taxi

Брзате на работа, на училиште, факултет или пак едноставно ви треба такси за да одите на кафе со пријателите? Со апликацијата МОЕТО ТАКСИ брзо и едноставно може да повикате НАШЕ ТАКСИ во секое време.

Со новата апликација МОЕТО ТАКСИ, повикувањето такси е полесно од било кога. Брзо и едноставно од својот смарт телефон патникот повикува такси возило, го следи додека не пристигне до бараното место, а во исто време може и директно да комуницира со такси возачот.

taksi

„На почетокот бев скептичен за новиов начин на повикивање такси, сè додека не видов колку е едноставна апликацијата. Сега со помош на апликацијата сум во директна комуникација со патникот и секогаш доаѓам на точната локација.“- Владимир Глигоров такси возач на Наше Такси.

Си повикувам такси преку апликацијата, го следам неговото приближување и знам кога да се симнам пред зграда за да се качам во такси. Ако на возачот му е тешко да ме најде, лесно се разбираме преку директната комуникација.“-Александар, патник на Наше Такси.

Донка Лазаревска од компанијата Наше Такси тврди дека со новата апликација значително се олесни комуникацијата со патникот. Бенефитот е видлив при секој повик, не се губи време, нема забуни околу местото за качување на патникот, а во исто време може да се оствари директна комуникација патник со возач, нешто кое до сега не било возможно.

Дознајте повеќе за апликацијата: https://www.facebook.com/MoetoTaksi

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП