21 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдговорноста на синиот овал

Одговорноста на синиот овал

mida-oval-naslov

Запознајте го сервисниот центар на Ми-Да Гранд Моторс! Вистински сојузник во Вашето возно искуство

Поседувањето вистински автомобил влијае на едноставноста на нашето секојдневие. Ford се докажува како омилен избор во автомобилската индустрија, особено во класата на урбани автомобили поради квалитетот на возилата кои секоја серија се сè пософистицирани и извонредно прилагодени на потребите на корисниците и поради грижата на производителите но и пристапот на дистрибутерите на Ford возилата кон корисниците на овој бренд.

Креаторите на Ford знаат дека купувањето автомобил не е инстантна одлука заснована само врз емотивниот импулс кон брендот или возилото. Освен техничките детали околу функционалноста и естетските елементи, за корисниот многу е важно дали брендот ќе успее да одговори на потребната поддршка за време на користење на автомобилот.

mida-oval-1

Досегашната позитивна оценка од корисниците на Ford автомобилите покажува дека Ми-Да Гранд Моторс како овластен и ексклузивен импортер на Ford во Македонија, 20-години одговара на секој предизвик за подобрување на комуникацијата и услугите кон корисниците. Во ексклузивниот салон на Ми-Да Гранд Моторс се чувствува испреплетеност на модерниот дизајн на возилата со квалитетот и професионалноста на персоналот. Од самиот влез, посетителот не може да одолее на беспрекорниот изглед на овој салон, највисокото ниво на организираност и грижата за клиентот.

Што се случува два спрата под овој префинет изложбен салон?

Се случува она со кое Корпорацијата Ford и Ми-Да Гранд Моторс успеваат да создадат нови стандарди во автомобилската индустрија Модерен и софистициран сервисен центар за корисниците на Ford и Volvo автомобилите распространет на 2460 м2.

Сите може да препознаеме „убав“ автомобил, но вистинското искуство со возилото и реалното доживување се креираат откако ќе се почне со негово користење. Автомобилот бара грижа и техничка поддршка за секој негов дел, на секој негов детаљ. Сервисниот центар на Ми-Да Гранд Моторс, како официјален сервис на Ford и Volvo за Македонија, се грижи за беспрекорноста на секоја од илјадниците компоненти на Вашето возило и неговата подготвеност за безгрижно возење.

Сервисниот центар на Ми-Да Гранд Моторс е инвестиција, односно влог во задоволството на своите корисници, инвестиција којашто опфаќа: стручно и едукативно подготвен технички персонал, едукативна и стручна подготвеност за не-техничкиот персонал, инфраструктурна инвестиција (магацин со половина милион евра вредни резервни делови, 17 дигалки за поправка на возилата,  тестер за сопирачки и амортизери, комори за фарбање и припрема), над 500 видови различен единствен и уникатен алат за сервисирање на Ford и Volvo возилата, специфични софтвери за дијагностицирање – интегриран систем кој врши дијагностика на системски грешки, детектирање на оштетeни делови, софтверско ажурирање.

mida-oval-2

Како единствен овластен сервисен центар на Ford и Volvo возилата, Ми – Да Гранд Моторс сервисниот центар е официјален застапник на сите оригинални делови за возилата на Ford и на Volvo кои се произведени директно од страна на Форд Мотор Компани и Волво. При секоја поправка или замена на некој дел, Ми – Да Гранд Моторс сервисниот центар, на своите клиенти им го враќа стариот заменет дел заедно со извештајот за извршениот сервис, како потврда за квалитетот на услугата.

„Одржувањето на возилото е предуслов за безбедност во сообраќајот, но исто така и за техничката исправност на возилото. Нашите „доктори“ се компетентни за сите области на одржување на вашиот Форд и сите негови витални делови. За нивната спремност сведочат и многубројните награди добиени на Европско и Светско ниво. Тие ќе ја зачуваат и одржуваат кондицијата на вашето возило како од првиот ден. Поради тоа што сме сигурни во нашиот квалитет, обученоста и стручноста на нашиот персонал, оригиналноста на деловите и адекватноста на опремата со која работиме, даваме гаранција и за заменетите нови делови. Едноставно, добивате сервис за вашиот Форд којшто вреди многу повеќе отколку што чини. Нема поголема сигурност за извршениот сервис од гаранцијата дека зад него стои Форд како корпорација. За тоа дека сервисот на Ми-Да Гранд Моторс има голем капацитет и можности, може да се уверите само преку лично искуство“ –вели Зоран Атанасовски, директор на постпродажба во Ми-Да Гранд Моторс.

mida-oval-3

Подготвеноста на Ми – Да сервисниот центар секогаш да им излезе в пресрет на своите корисници се гледа и во нивниот модерен електронски пристап кон грижата на своите клиенти.

Запознајте се со МОЈ СЕРВИС  он – лајн апликацијата и услуга за закажување на сервис, која може да ја најдете на официјалната интернет страна на ФОРД за Македонија – www.ford.com.mk. Употребата на оваа апликација е многу едноставна. Со пополнување на податоци како: модел, година, вид на мотор и време кога сакате да го закажете вашиот сервис (или проверка), Вие може да го резервирате терминот за сервис. Секако следи и телефонска комуникација со одделот за грижа на корисници на Ми-Да, кои ќе ја потврдат резервацијата.

Како корисник на Ford, Ваше е само да го донесете возилото во Ми-Да Гранд Моторс, а потоа комфорно може да уживате во Вашето кафе и опуштено да размислувате за Вашата следна дестинација.

Секој клиент станува партнер на Ми-Да Гранд Моторс, со заедничка цел – што подобро и посигурно функционирање на возилото. Комуникацијата е континуирана за сите прашања и евентуални проблеми.

Затоа, не ризикувајте да плаќате два пати. Одете на сигурно! Кога е во прашање исправноста, односно безбедноста на Вашиот автомобил, не треба да има компромис.

Синиот овал на Ford возилата, за прв пат е аплициран во 1907 година. Во 2003 е официјализиран актуелниот Син Овал на Ford – како знак на Ford на одбележувањето на стогодишнината на Ford. Како задолжителен знак на возилата, Ми-Да Гранд Моторс на сите корисници на Ford возилата на кои им е оштетен знакот, им овозможува БЕСПЛАТНА ЗАМЕНА во просториите на Сервисниот Центар. Ford автомобилите поседуваат 2 годишна фабричка гаранција и допонителна 3 годишна гаранција за патничките возила. За време на фабричката гаранција следува 24-часовна поддршка на пат низ цела Европа. А сите Ford возила се опремени со 12 годишна гаранција против корозија на каросеријата.

 

Имате Ford и имате прашања?

На располагање Ви се техничките лица од официјалниот сервис на Ford (Ми-Да Гранд Моторс) кои може да ги прашате за што било поврзано со Вашиот Ford автомобил. Повелете на:

http://facebook.com/MidaMotors

http://twitter.com/midagrandmotors

Освен Ми – Да Гранд Мотрс, овластени дилери и сервисери на ФОРД возилата во Македонија може да најдете во следните градови: Прилеп, Битола, Гевгелија, Штип, Тетово, Охрид, Гостивар.

За повеќе информации обратете се на телефонскиот број или официјалната Веб Страна на ФОРД Македонија: www.ford.com.mk

За крај вреди да се спомене дека Ми-Да ќе се погрижи не само за проверка, поправка и сервисирање на Вашиот Ford или Volvo, туку и за нејзиниот надворешен имиџ – бесплатно ќе Ви го замени загубениот или оштетен син овал, но исто така ќе добиете бесплатно перење за „Вашиот убавец“ да заблесне во неговиот полн сјај. Од Ми –Да Гранд Моторс ќе излезете задоволни и подготвени за Вашата следна дестинација.

Пријатно возење!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП