27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлатер размислува да остане на чело на ФИФА

Блатер размислува да остане на чело на ФИФА

blater 0330

Иако пред речиси две седмици ја најави оставката, Јозеф Сеп Блатер, сепак, би можел да остане претседател на светската фудбалска асоцијација ФИФА, објави во неделата швајцарскиот весник Schweiz am Sonntag, повикувајќи се на извор близок на Блатер.

Весникот наведува дека Сеп Блатер добил пораки со поддршка од бројни фудбалски сојузи од Азија и од Африка во коишто го молат да размисли за оставката, како и дека тој сериозно размислува да остане на чело на ФИФА.

Уште во средата агенцијата AFP, повикувајќи се на неименуван претставник на ФИФА, објави дека Блатер ја отфрлил можноста да поднесе своја неотповиклива оставка на чело на Меѓународната фудбалска федерација, како што тоа од него го побара Европскиот парламент. „Во ФИФА се изненадени од оваа резолуција. Блатер веќе изјави дека ќе ја поднесе својата оставка на вонредниот изборен конгрес“, рече претставник на организацијата.

Швајцарската полиција неодамна на барање на швајцарските власти приведе повеќе високи функционери на ФИФА кои ги осомничи за вмешаност во корупција, мито и перење пари во износ поголем од 100 милиони американски долари. По овие акции, челниците на европската фудбалска асоцијација УЕФА, на низа европски фудбалски сојузи и влијателни фудбалски функционери го повикаа Сеп Блатер да си поднесе оставка. Тој првично одби, и повтори дека е избран за претседател на ФИФА по пети пат, но три дена подоцна сепак најави оставка.

Вонредниот конгрес на ФИФА на кој би требало да биде избран наследникот на Балтер, веројатно ќе се одржи на 16-ти декември во Цирих. Како можен кандидат за нов челник се споменуваат јорданскиот принц Али Бин ал-Хусеин, кој му беше противкандидат на Блатер на неодамнешните избори, потопа јужнокорејскиот милијардер Лунг Монг-јун, еден од водечките луѓе на корпорацијата „Хундаи“ и поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја, како и претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП